Корпоративно инфо

Неотел е една од најбрзо растечките текекомуникациски компании во Македонија на полето на интегрирани мрежни решенија за дигитална комуникација и системи за пренос на податоци.

Нашите активности се шират низ различните полиња на телекомуникациските и компјутерските мрежи, како и низ разновидните телекомуникациски услуги (интернет, фиксна телефонија, web и mail хостирање, безбедност и приватност во интернет светот, аудио и видео пренос на податоци и слично).

Како компанија константно се движиме напред во поглед на проширување на капацитетите, подобрување на изведбата, како и усовршување на можностите на нашата мрежа. За нас обезбедувањето на квалитетни, доверливи и сигурни услуги е главниот приоритет.

Нашите вработени се млади и амбизиозни личности, коишто се високо обучени, со соодветно образование и сертификати во полињата на нивното работење.