Постигнувања

Од неодамна Неотел е WiMAX лиценциран оператор за територијата на Македонија, во опсежната фреквенција од 3.5GHz. За таа цел градиме наша сопствена мрежа (оптичка мрежа и радио линкови) низ Македонија. Иако е ова голема задача, правиме се што е неопходно за да понудиме најдобри сервиси.

Неотел има стратешки партнерства со неколку компании со долгогодишно искуство, што ни дава можност да нудиме капацитети до било која локација на интерес. Телекомуникациската опрема со која работиме е произведена од светските водечки компании како што се CISCO, ZTE, CERAGON, RAD. Ние сме авторизиран дистрибутер за Alvarion во Македонија и во Источна Европа.