Политика за ИМС

Политика за управување со квалитет и животна средина

Политиката за квалитет на НЕОТЕЛ ДОО е обезбедување на високо ниво на задоволство кај корисниците, преку испорака на професионални, квалитетни и конкурентни производи и услуги во областа на телекомуникациите, истовремено водејќи сметка за најновите достигнувања во информатичките технологии и заштита на животната средина.

НЕОТЕЛ ДОО е посветен на своите корисници, поттикнувајчи ги вработените да ја имплементираат оваа политика преку почитување на следниве принципи:

  • Фокусираност кон корисниците, преку разбирање на потребите и желбите и обезбедување на услуги во согласност со нивните потреби;
  • Континуирано подобрување на перформансите и услугите со цел обезбедување на квалитет и постојана заштите на животната средина;
  • Градење на партнерски односи со добавувачите со цел исполнување на наши барања поврзани со квалитетно и континуирано снабдување со производи;
  • Усогласеност со законските и други барања за заштита на животна средина;
  • Заштита од загадување преку постојана контрола и намалување на загадувањето;
  • Влијание врз свеста на луѓето за важноста на зачувувањето на животната средина;
  • Водење грижа за животната околина, односно придржување до барањата на стандардот, одржување и перманентно подобрување на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на интегрираниот менаџмент систем ISO 9001:2008 и 14001:2004

 

Скопје Февруари 2010

Генерален директор

Трајче Черепналковски