Зголемување на брзината и месечниот сообраќај
31.05.2010
Почитувани корисници,
НЕОТЕЛ ДОО почнувајќи од 1-ви Јуни 2010 година ќе ја зголеми брзината на интернет пристапот, како и количината на вклучениот месечен интернет сообраќај на постоечките пакети за домашни корисници, со што ќе ги подобри перформансите на истите. Месечната претплата на пакетите останува непроменета. Промените ќе важат како за новите, така и за сите постоечките корисници, под истите услови под кои го потпишале Договорот.
Подетално за промените може да дознаете на нашиот веб сајт www.neotel.com.mk или со јавување на телефонскиот број: 02 55 11 112.
Напомена: Поради промена на каратеристиките на пакетите, промена во називот ќе претрпат пакетите со име Нет 20 и Твин 20, односно истите ќе се викаат Нет 30 и Твин 30. На корисниците на овие пакети автоматски ќе им бидат променети имињата на фактурите, без промена на месечната претплата.
Со почит,
НЕОТЕЛ ДОО