ИНТЕРНЕТ
Интернет пристапот обезбеден од страна на Неотел е реализиран преку најновата и најсовремена WiMAX технологија на безжичен пренос на податоци.
Што е WiMAX?
WiMAX e безжична интернет технологија која овозможува широкопојасно поврзување на големи подрачја. Тоа е технологија од четврта генерација (4G) дизајнирана специјално за интернет апликации, услуги и безбедност, но и со дополнителна карактеристика - можност за номадски пристап, односно користење на истиот приклучок на различни локации под секакви услови. WiMAX технологијата ги поддржува најсовремените стандарди за IP безбедност и квалитет на услугата. Ова Ви овозможува да уживате во Вашите омилени интернет активности било каде, било кога.
Зошто WiMAX?
Како последна генерација на безжична мрежа, WiMAX Ви овозможува поврзување на различни места, кога и да посакате. Притоа, добивате брзина која нуди можност да ги правите истите активности дома, на работа, кај пријателите или на одмор.
Понесете го вашиот интернет со Вас кога одите на викенд, или на кафе со пријателите. Користете ги истите услуги и во домашна атмосфера и на деловни состаноци.
Што добивате со WiMAX?
Неотел WiMAX вклучува флексибилни, едноставни услуги преку кои ќе можете да се поврзете онака како што Вие сакате. Можете да изберете еден од четирите пакети за домашна употреба или еден од трите бизнис пакети. Заборавете на скриени трошоци и добијте услуга која ќе работи за Вас.
Што е следно?
Ова е само првиот чекор во новата ера на бежична комуникација. Во 2009 доаѓа мобилен WiMAX со кој целосно ќе се промени дигиталната комуникација во Македонија.